
На забавата која ќе биде од хуманитарен карактер, ќе настапат ѕвездичките од „Распеано рибарче“, Ѓоко Танески, Денис Мурат, Боби Мојсоски и други, а ќе бидат изведени и пригодни точки од ученици.
Влезот за најмладите чини симблични 10 денари, за професорите 20, а на публиката ќе и биде оставено да донира онолку колку што може и сака. Предновогодишната детска забава е дел од проектот „Декември – Месец на отворено срце“ , а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на специјално возило на лицата со посебни потреби од општината.











