Традиционалната предновогодишна детска забава ќе се одржи денеска во 12 часот во спортската арена „Атина Бојаџи“.

На забавата која ќе биде од хуманитарен карактер, ќе настапат ѕвездичките од „Распеано рибарче“, Ѓоко Танески, Денис Мурат, Боби Мојсоски и други, а ќе бидат изведени и пригодни точки од ученици.

Влезот за најмладите чини симблични 10 денари, за професорите 20, а на публиката ќе и биде оставено да донира онолку колку што може и сака. Предновогодишната детска забава е дел од проектот „Декември – Месец на отворено срце“ , а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на специјално возило на лицата со посебни потреби од општината.

OhridNews