Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ деновиве спроведоа акција за чистење на дива депонија создадена во туристичката населба Свети Стефан, наспроти Кардиолошкиот центар.


– Иако, локацијата каде се наоѓа депонијата е на приватен имот, во интерес на граѓаните и многубројните туристи, нашите екипи со специјална механизација го расчистија овој простор, при што.се подигнати  20 метри кубни разновиден отпад (градежен шут, пластика, зелен и друг вид отпад), информираа од јавното претпријатие.


OhridNews