Во грабежот на експозитурата на Македонски пошти на ул. „Билјанини извори“ во Охрид, во близина на „Мини маркетот“, што се случи вчера околу 17.45 часот, одземени биле 16.000 денари.

Како што информираат од МВР, непознато лице со фантомка на главата вчера попладне упаднало во експозитурата и под закана со оружје од вработената одзело 16.000 денари, по што веднаш го напуштило местото.  На излегување крадецот бил забележан од случаен минувач кој се обидел да го запре но тој успеал да побегне при што му испаднал пиштолот, за кој подоцна било утврдено дека е пластичен.

Полицијата работи на пронаоѓање на сторителот на кражбата и расчистување на случајот.

OhridNews