Утре почнува новата академска година. Од Факултетот за туризам и угостителство изразуваат задоволство од бројот на новозапишаните студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат на оваа реномирана високообразовна институција во земјава.

Над 90% се пополнети слободните места за упис во ФТУ во Охрид. Тоа секако се должи на интересните насоки кои им се нудат на студентите, но и напорната работа на кадарот , вели деканот на ФТУ, професор д- р Сашо Коруноски.

И оваа година насоките туризам,  хотелско – ресторанска, гастрономија, исхрана и диететика, царина и шпедиција  осигурување и безбедност и финансиска контрола, пробудија интерес кај новите студенти. Како што неодамна најавија од ФТУ, следејќи ги светските трендови, но и потребите на туристичката индустрија,  во оваа институција започнува нова ера на образование, преку издигнување на практичната работа на повисок степен.

Голем интерес за запишување, годинава беше забележан и на најмладиот државен Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ . Според идните академски граѓани овој интерес се должи на препознавањето на предизвикот, атрактивноста, како и реалната потреба од специјалисти од областа на техничките науки.

Свечените часови по повод почетокот на новата студентска година,ќе се одржат утре, 16- ти септември, на ФТУ во 11 часот, додека пак на „СВ. Апостол Павле“ во 13 часот.

OhridNews