Од почетокот на пререгистрацијата на невработените лица (лица со ниски примања), за една недела, од вкупно 9212 носители на здравствено осигурување, пререгистрација извршиле само 221.130, во сите подрачни служби, односно 4.16%.

–    Следејќи го овој тренд за пререгистрација на сите евидентирани лица со ниски примања ќе бидат потребни 25 недели, иако со измената на законот за придонеси од социјално осигурување рокот за пререгистрација е заклучно 31.03.2012 година, велат од ФЗОМ.

Оттаму апелираат, да не се чека крајниот рок за пререгистрација. Потсетуваат дека по завршувањето на рокот, непререгистрираните лица ќе останат без здравствено осигурување.

OhridNews