Во изминативе два дена екипите на Ј П „Охридски Комуналец“ подигнале 30 метри кубни отпад од градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот Парк.

За таа цел бил ангажиран ровокопач, два камиони за утовар и транспорт на отпадот, 3 комунални работници кои рачно од езерските води го расчистувале отпадот и 10 метачи.

Од езерските води биле подигнати огромни количини пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад.

OhridNews