Како што информираат од локалната самоуправа на општина Вевчани, Портата ќе биде осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до самото село.
Камен темелникот на овој објект беше ставен во месец март. „Портата Вевчани“ која се гради во месноста викана Суво поле, е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“.
Од вевчанската локална самоуправа велат дека изградбата на портата е само една во низата нови атракции кои наскоро ќе можат да се видат во Вевчани.
Во близина на манастирот „Св. Спас“, на 1300 метри надморска височина, ќе биде подигнат и крст со висина од 25 метри, чиј камен темелник ќе биде поставен во недела.