Како што информираат од министерството за внатрешни работи, викендов, во џамијата Хаџи Мурат во Ресен,  непознат  сторител украл околу 20.000 евра. 

Крадецот со подесен алат насилно ја отворил  влезната врата од канцеларијата во џамијата, а потоа насилно го отворил  сефот  од кој ги одзел парите, по што го напуштил  лице местото.

Увид на лице место извршила увидна екипа од ПС-Ресен, а во тек се  мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews