Еден убав летен ден пред дваесет години, примариус педијатар д-р Лилјана Веруш додека шеташе со својот сопруг, градежниот инженер Петар Веруш, по улицата “Ристо Крле” во Струга, во себе размислуваше за една идеја – да создаде место каде што луѓето не само што ќе добиваат лекови, туку и топла грижа која влева доверба. Таа идеја стана „Фарма Нова“, аптекарски бренд што во стварност ја преточи магистерот по фармација Оливија Веруш која две децении успешно го води својот бизнис.
Добро снабдена и достапна за граѓаните секој ден во две смени, вклучително недели и празници, „Фарма Нова“ брзо стана повеќе од аптека – стана место кое нуди квалитетни здравствени услуги на граѓаните на Струга, кои ги покрива ФЗОМ.
Приказната набрзо прерасна во здравствен комплекс, во рамки на кој работат и Стоматолошката ординација „ Дента Нова“ на д-р Сања Веруш Маркоска и ординацијата за општа медицина на д-р Никола Клечкароски и д-р Тоде Клечкароски, овозможувајќи им на граѓаните на Струга комплетна здравствена услуга на едно место.
Денес, кога стружани поминуваат покрај здравствениот комплекс на улицата „Ристо Крле“ наспроти Општата болница, не гледаат само зграда, тие гледаат ветување одржано дваесет години. Место каде што тимската работа и довербата на пациентите се повеќе од вредности – тие се начин на живот.
И така, од идеја во 2005 година до целосен здравствен комплекс денес, „Фарма Нова“, „Дента Нова“ и ординацијата по општа медицина се потсетник дека „кога работата е исполнета со грижа и љубов, таа прераснува во нешто што им служи на генерации“.
Јубилејот беше одбележан во прекрасниот амбиент на ресторанот „Пелвец“ во Вевчани, свеченоста ја збогатија бројни пријатели, блиски, клиенти и деловни соработници, а за добрата атмосфера се погрижија В. Броз & ДЈ Марама.
Фото галерија:
Од идеја до успешна приказна: „Фарма Нова“ две децении е синоним за грижа за здравјето на стружани
OhridNews/PR
Фото: А. Момироска