Во понеделник, 18 март, на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ стартуваат летовите Охрид-Малме на авиокомпанијата „Виз ер“. Истовремено ќе бидат промовирани и директните летови Охрид-Милано.

До 13 септември, летовите од охридскиот аеродром до Малме се во понеделник и петок, а од 18 септември во среда и недела.

Летовите Охрид-Милано стартуваат на 19 март и ќе се реализираат два пати во неделата. До 30 март во вторник и сабота, а од 1 април во понеделник и петок.

Од јули се очекува да бидат воспоставени двете линии од Охрид до Германија, односно Охрид-Меминген и Охрид-Дортмунд.

OhridNews