Од октомври, општина Охрид почнува со развој на стратегија за рурален развој , како што велат од Секторот за туризам и локален економски развој, документ кој за прв пат се изработува и кој ќе биде особено значаен за искористување на средствата од ИПАРД програмата.
– Со тоа ќе се даде нова димензија на ИПАРД програмата, преку обуки за заинтересираните страни и секој проект ќе се изработува согласно правилникот за нова ИПАРД програма од 2014/20120. Било кој сака да аплицира, ќе мора да има врска со стратегијата за рурален развој или стратегијата за одржлив развој, вели раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов.
Стратегијата за рурален развој ќе се темели врз потребите на населението од руралните подрачја и ќе претставува документ- симбиоза на сите потреби на населението кое живее во овие подрачја.
– Преку методологијата на изработка ќе се опфатат потребите на населението во стратешки документ кој верувам дека биде испланиран на краткорочен и среднорочен период за да се овозможи што побрз развој на руралниот средини, додава Апостолов.
OhridNews