Според најавите, согласно превземените обврски од Протоколот за пристапување на РМ кон Светската трговска организација, од почетокот на идната година ќе дојде до намалување на царините од 8,9 на 6,5 %.

Намалување е најавено кај течните сапуни, површинско активни препарати, детергенти и некои производи од пластични маси, како цевки, фолии, покривки за подови од пластични маси и различни затворувачи.

Предвидено е да се намалат и царините на стотици производи за поддршка на индустријата. Законот за изменување и дополнување на Законот за царинска тарифа е во собраниска процедура, со кој ќе се намали или укинат царинските стапки на поголема група на стоки пред се на саден и семенски материјал за земјоделство и репроматеријали за прехранбената индустрија. Меѓу  нив е намалување на царината на белиот шеќер од 30 проценти на пет.

OhridNews