Од ЈП Билјанини Извори преку соопштение за медиумите информираа дека немаат потпишано договор со балканската фолк ѕвезди Светлана Цеца Ражњатовиќ, за концерт на охридскиот стадион на 2-ри август 2014 година.

До овој момент нашето претпријатие нема потпишано договор со ниедна продукциска куќа или менаџери на некоја естрадна ѕвезда, за изнајмување на терените или некој од објектите за организирање концерти или други јавни музичко сценски настани. Точно е дека постојат заинтересирани ѕвезди меѓу кои и Светлана Цеца Ражњатовиќ, како и некои други познати имиња од Балканот, но до овој момент нема потпишан договор со никој од нив, потенцираат од претпријатието.

Иако сеуште нема официјална резервација на стадионот, најавата за концертот во Охрид може да се види во делот „Турнеја“ на официјалната веб-страница на Цеца http://www.ceca-news.com/p/turneja.html.

OhridNews