Како што информираат од СВР- Охрид, денес, околу 2 часот и 40 минути , двајца маскирани разбојници украле 27.000 денари од казиното „Сенатор“ во Струга.
Разбојниците,со пиштол и нож во рацете, почнале да им се закануваат на двете вработени во казиното и ги принудиле да им ги дадат парите, по што избегале.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на разбојништвото.











