По налог на Опшинскиот инспекторат, деновиве екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со специјална механизација извршија чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј, во близина на Холандскиот Парк.

Како што информираат од претпријатието, подигнати и транспортирнаи се 30 метри кубни тиња и друг вид на отпад.

Поради нискиот водостој, во овој дел од крајбрежниот појас се натрупани големи количини тиња,  па затоа пристапено е кон расчистување со багерување со употреба на специјална механизација.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Инаку, оваа активност се спроведува согласно годишната програма за јавна хигиена во доменот на вонредни активности.

OhridNews