Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на охридското село Вапила. Тој на 4 август со употреба на физичка сила и подесен алат, влегол куќа во селото Лескоец и одзел 30.000 евра и 5.000 денари. Нему му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 91 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 35 во Охрид, 16 во Струга, 32 во Кичево и 8 во во Дебар.

OhridNews