Засега непознат сторител, од дом на 76- годишен жител на струшкото село Октиси одзел 3000 швајцарски франци и околу 450 евра.

Тешката кражба се случила вчера попладне, откако сторителот се качил на првиот кат од семејната куќа и со употреба на физичка сила и удар со нога успеал да влезе во внатрешноста на куќата. Откако извршил пребарување, тој во спалната соба забележал и одзел мала метална каса во која биле парите во разни апоени, како и неколку македонски  и швајцарски кредитни картички.

На лице место, полициската станица од Струга изврши криминалистичко-технички увид  по што се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews