брод „Армада“

2021-08-23 20:00 - 2021-08-23 22:15

Стендап комичарот Влад Илиќ од Куманово, кој јавноста го запозна преку неговото стендап шоу на Би-би-си, кое стана вирално на социјалните мрежи. Илиќ, и кој неколку години успешно настапува во Лондон, утре ќе одржи соло стендап шоу во Охрид, на брод Армада, како дел од продолжението на летниот маратон Summer Comedy Marathon.

Влад Илиќ е нов глас на Лондонската комична сцена. Почна како комичар и парт-тајм келнер, а до сега има преку 350 настапи, има добиено четири награди и измиено 10,000 чинии “, стои во најавата за настанот.

Хуморот на Илиќ се состои од коментари и критики за општеството, малку црн хумор, секојднени шеги за животот, и секако тој е и Др.Гуру за љубовни проблеми.

Влад Илиќ ги има освоено наградите: King of the Gong – Comedy Store, Manchester Comedian of the Year – Stand Up Club, Soho, London One to Watch – Up the Creek, Greenwich, London Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London.

Билети за утрешното шоу „Леси (не) се враќа дома“ можат да се резервираат или да се купат онлајн на armada.mk.

За време на шоуто ќе важат сите пропишани протоколи за заштита од Ковид-19, а местата се ограничени на 45.

OhridNews