Околу 60 вреќи комунален отпад биле собрани во рамки на акцијата на ЈП „Охридски Комуналец“ за чистење на магистралниот пат Охрид-Подмоље.
Оваа акција била спроведена по налог на комуналната инспекција, а биле ангажирани 7 работници од секторот „Јавна хигиена”.
Исто така деновиве започна и етапно чистење на потегот од Охрид до Свети Наум каде се ангажирани 4 работници.
OhridNews