Скопје од март ќе се поврзе со директна авионска линија со Берлин, Братислава и Копенхаген. Летовите ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, најавуваат од компанијата.

„Визер“ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Берлин од 21 март 2016 година, додека пак новите летови од Скопје до Копенхаген и Братислава ќе започнат да се реализираат од 22 и 28 март.

Секоја од рутите ќе се спроведува два пати во неделата. Билетите за најновите дестинации на Визер се веќе во продажба и почнуваат од 599 денари.

„Визер“ оперира од македонските аеродроми до 24 дестинации кон 11 земји.

OhridNews