Пензионерите во март годинава ќе добијат покачување на пензиите за 600 денари. Средствата во висина од една милијарда и 800 милиони денари за оваа намена се обезбедени во Буџетот.

Ова беше договорено на денешната средба на министрите за финансии и за труд и социјална политика и претставници од Сојузот на здруженија на пензионери.

– Со ова сме единствената земја, не само во регионот туку и во Европа, која успеа во вакви тешки времиња кога се чувствуваат последиците од кризата, не само да ги заштитиме пензионерите, да не се зголемува старосната граница и редовно да се исплаќаат пензиите, туку и да извршиме зголемување на пензиите за износ кој е значителен ако се има предвид колкави се финансиските можности на државата. Смогнавме сили да направиме покачување на пензиите во следните 10 месеци и тоа ќе влезе во основицата и за следната година за кога, доколку има можности, се планира дополнително покачување на пензиите, истакна на прес-конференцијата вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

OhridNews