Жители од населбата „Гоце Делчев“ реагираат дека екипите од ЈП „Охридски комуналец“ соодветно не го чистат снегот од улиците од населбата.

–    Имајќи во предвид дека се работи за населба со специфична местоположба и со тесни улички и опасни кривини, опасноста по жителите и нивните животи дополнително се зголемува со паѓањето на снегот. Потребно да се чистат улиците од снег навремено (одма после неговото паѓање со возило со корпа). Овој начин е најдобар, а никогаш не се применува во населбата. Обично се врши посипување со мали количини на песок и сол. Овој метод не го решава проблемот, велат меѓу другото жителите .

Од ЈП „Охридски комуналец“ потенцираат дека снегот во оваа населба, како и од останатите улици во градот, навреме се чисти и дека од нивна страна се преземаат сите мерки за безбедно движење на возилата и пешаците.

OhridNews