Фудбалерот на Реал Мадрид, Пепе по доаѓањето на Карло Анчелоти во „кралскиот клуб“ доживеа целосна ренесанса во кариерата.
Пепе од „насилник“, кој добиваше црвени картони како од шала стана пример за ферплеј фудбалер.
Тој сеуште сезонава нема добиено жолт картон во Примера, а вкупно има направено само пет фаули.
За илустрација е тоа што неговиот соиграч Серхио Рамос има направено 25 фаули и има добиено пет жолти картони.
Стоперскиот тандем на Барселона, Хавиер Маскерано и Жерард Пике имаат вкупно пет жолти и еден црвен картон и двоецот на Атлетико Мадрид, Диего Годин и Миранда имаат пет жолти картони.
Мх.П.