Од недела почнува зимскиот распоред на летање на охридскиот аеродром
24.10.25 13:10
Од недела, 26-ти октомври 2025, почнува зимскиот распоред на летање на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и ќе трае до 27-ми март 2026.
На аеродромот Св. Апостол Павле-Охрид ќе оперираат три авиопревозници на пет линии: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена, Меминген.
Во текот на зимската сезона на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе оперираат 17 авиопревозници на вкупно 42 линии: Виена, Белград, Атина, Загреб, Варшава, Франкфурт, Сандефјорд, Гетеборг, Малме, Ајндховен, Брисел, Париз, Дортмунд, Фридрихсхафен, Меминген, Франкфурт Хан, Базел, Нирнберг, Берлин, Милано, Хамбург, Венеција, Братислава, Рим, Баден-Баден, Малта, Болоња, Љубљана, Лондон, Стокхолм, Прага, Штутгард, Ларнака, Келн, Лион, Бари, Мадрид, Женева, Истанбул, Измир, Анталија, Цирих.
Во првите девет месеци од годината, од јануари до септември, двата аеродороми опслужиле 2,6 милиони патници и се бележи зголемување од 6% во патничкиот сообраќај.
Во тек е поставување електричен кабел и водоводна цевка до храмот „Света Петка“ во Дебрца, со што треба да се обезбеди негово снабдување со струја и вода, соопшти градоначалникот Златко Сиљаноски С...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова им го честиташе 22 Ноември – Денот на албанската азбука на граѓаните Албанци, со порака дека заедничка должност е да се гради општество во кое различности...
На граничниот премин „Ќафасан“ претпладнево ќе биде промовиран интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ На промоцијата ќе присуствуваат премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски ...