Најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, Виз Ер, денес, на својата официјалната страна најави дека во 2018 година во својата мрежа на земји во кои оперира ја додава и Австрија.
Како што информираат од Виз Ер, од месец ноември ќе стартуваат летовите кои ќе ја поврзат Виена со Охрид, Солун, Ниш и уште неколку градови во светот. Авио билетите се веќе во продажба по цена почнувајќи од 19.99 евра.
Виз Ер за 2018 година најави и три нови сезонски авиолинии од Охрид и тоа до Варшава, Талин и Ајндховен.
OhridNews












