Директорите на Фондот за здравствено осигурување, денес, остварија средби со менаџерските тимови на охридските здравствени установи. Како што потенцираат од ФЗОМ, станува збор за веќе востановена пракса за директна комуникација со надлежните во болниците, со цел дефинирање на интервенциите и новите буџети за наредната година.
– Охрид е специфичен град бидејќи има пет установи кои даваат здравствени услуги за жителите на општината, но и за пациентите од други градови, но и од странство. Наша цел е да воведеме нови методи кои значат развој на медицината.Нивното воведување е поткрепено со воведување на нова дијагностика. Владата инвестираше средства за купување нова медицинска опрема за охридските здравствени установи.Нареден чекор е нови методи преку кои пациентите нема да мораат да патуваат надвор од градот. Охридската Општа болница има нов капацитет, нова опрема и подготвено ќе ја дочека 2016. И со болницата „Св.Еразмо“ договоривме интервентни прцедури кои досега или се работеле во мал обем или воопшто не се работеле.Во тек е и тендерот за реконструкција на болницата кој чини 215 милиони денари и очекуваме за скоро време да финишира и наредната година да почне реконструкцијата, изјави директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.
Директорот на Општа болница, д- р Љубен Арнаудов информира за новите методлогии со кои се очекува подобрување на квалитетот на услугите кон пациентите.
– Работевме на 16 нови методологии, некои се веќе воведени и пациентите може да ги користат-компјутеризираната томографија, мамографија, лапараскопијата, колоноскопијата и гастроскопијата.Новини има и на очното одделение во однос на третирањето на дијабетичарите.Не застануваме,и понатаму ќе работиме на воведување на нови методологии од кои некои делумно се имплементирани, вели Арнаудов.
Директорот на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, д-р Митко Тилев, потенцира дека при крај се процедурите за реконструкција на болницата каде по завршувањето на градежните зафати,се очекува да почне да фунционира и Заводот за кардиологија.
– Чекаме да се реализира реконструкцијата за да ги ставиме во употреба и новите апарати, а предвидени се и низа нови методи за лекување. Се надеваме на зголемување на буџетот за 2016 со цел поуспешно работење и подобар третман на пациентите, вели д-р Тилев.
Од ФЗОМ информираа дека дел од буџетот за 2016 наменет за здравствените установи е зголемен за 1 милијарда и 400 милиони денари.Предвидено е сите средства да им се стават на располагање на здравствените установи откако ќе достават соодветни планови и програми за работа,кои се договараат во текот на месец декември.
Т.К.