Почнувајќи од 31 октомври, ниско-буџетната авиокомпанија Еуровингс, членка на групацијата Луфтханза, ќе отвори нова линија Скопје–Минхен, поврзувајќи го скопскиот аеродром „Александар Велики“ со меѓународниот аеродром во Минхен.

Како што официјалните претставници на авиокомпанијата најавија, најниските цени за авионските билети ќе почнуваат од 39.99 евра, а рутата ќе ги поврзува македонските граѓани и сите патници на скопскиот аеродром со главниот аеродром во Минхен, аеродромот „Франц Јозеф Штраус“, кој е главниот аеродром во германскиот град. Еуровингс ќе лета на линијата Скопје–Минхен два пати неделно, односно, секој вторник и петок, со Ербас А320-200, со капацитет од 174 седишта.

Билетите за летовите на оваа линија се веќе во продажба преку веб-страницата на авиокомпанијата eurowings.com

OhridNews