Евтината тарифа на струјата, од октомври повторно ќе ја има, информира премиерт Заев. „Оваа мерка чини 8 милиони евра, пари што им ги враќаме назад на сите граѓани. Мерката најмногу ќе им користи на сиромашните граѓани, што значи дека тие најмногу ќе заштедат. Оваа мерка нема да влијае на цената на струјата“, рече Заев.

Тој објасни дека денската евтина тарифа, секој работен ден, вклучително и сабота, ќе трае од 14 до 16 часот, а во недела преку цел ден. Исто така, секој работен ден од 22 до7 часот наутро.

Премиерот рече дека како Влада со сигурност може да кажат дека до јуни в година нема да има покачување на цената на струјата, но, сепак, ако расте цената на берзите, сигурно дека ќе има корекции и кај нас.

OhridNews