Човек од Колорадо тврди дека во септември променил 500 илјади долари во злато, а потоа го фрлил во ѓубре, само за неговата поранешна сопруга да не стигне до парите. Ерл Реј Џоунс оваа приказна ја раскажал пред суд, каде во тек била бракоразводна парница помеѓу него и сопругата со која ги минал последниве 25 години.

 

Инаку, тој моментално се наоѓал во затвор каде отслужува казна поради семејсно насилство, бидејќи ја претепал својата жена и ја држел заробена во нивниот дом во март оваа година. Таа го пријавила, а три седмици по нападот побарала развод, па Реј одлучил половина од својот имот да претвори во злато и да го фрли. Бидејќи златото било фрлено на отпад, тоа технички станало сопственост на тој објект, но Џоунс од делот на својата сопруга се решил на погрешен начин бидејќи во случај златото да биде пронајдено тоа сепак ќе припадне на неговата сопруга.