Од овој месец секој електронски документ од Националниот портал за електронски услуги и другите државни институции може да се употребува и испечатен.

Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот. Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористенот на Националниот портал за електронски услуги.
Воедно, вели е намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги.
За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот, додава Андоновски.
OhridNews











