На двајца вработени во поштенската фирма Fedex не им било лесно бидејќи по грешка во петокот патувале од Париз до Виена – во багажниот простор од товарниот авион на компанијата.


Пилотот на авионот, кому можеби му попречил и силниот дожд, ја затворил вратата на својот АТР72, но не забележал дека двајцата доставувачи сеуште се во багажниот простор. Тие пробале да повикаат помош, лупале по ѕидовите, но бучавата на моторите ги надјачала тие звуци. Мобилниот, кој го имале со себе, им бил бескорисен, бидејќи немало сигнал.

После 2.5 часа лет до Виена, работниците на пистата останале шокирани кога ги виделе, одлучувајќи веднаш да ја затворат вратата и да повикаат полиција. Дури откако дошла полицијата се разјаснил целиот случај, двајцата слепи патници се вратиле во Париз со редовен лет.

„За среќа не се случило најлошото бидејќи овој тип авиони не летаат многу високо, а и кабината е под притисок, па не умреле од смрзнување, иако сигурно им било многу ладно“, рекол вработен во Fedex.

(хина)

С.К.