Како што информираат од АМСМ, од 1-ви јули, петок, ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период што ќе трае до 31-ви август на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време. Забраната ќе важи за деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Временските интервали се следни: петок од 17.00 – 22.00 часот, сабота од 09.00 – 18.00 часот и недела од 09.00 – 22.00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

OhridNews