Малопродажната цена на еуросуперот-БС од ноќеска на полноќ се зголемува за 3,5 денари, додека сите останати горива поскапуваат за три денари по литар.

Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика донесена на денешната редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Новата цена на еуросуперот-БС од ноќеска ќе изнесува 74,50 ден/лит, на еуросуперот БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, на  дизелот  66,00  ден/лит и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 57,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,018 денари/кг, со што новата цената на М-1 НС изнесува  42,421  ден/кг.

Донесената одлука за покачување на цената на нафтените деривати од Регулаторната комисија ја објаснуваат  со растот на просечната цена на светските берзи за 6,33 отсто во изминатите две недели.

OhridNews