На полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори  и почнува изборниот молк. Гласањето во втор круг ќе се одвива во 29 општини, меѓу кои и во општините Струга и Дебрца.

Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.

Утре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица. 

Во општина Струга ќе се гласа на 78 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 56.341 жители на општината кои ќе треба да се изјаснат помеѓу заедничкиот кандидат за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ, Владо Кочоски и Зијадин Села од ДПА.

Во општина Дебрца ќе се гласа на 28 избирачки места, право на глас имаат 4569. Во вториот круг од локалните избори влегоа кандидатот од коалицијата За подобра Македонија Игор Трајкоски и кандидатот на Сојузот за иднината, актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски.

Гласањето во првиот круг од локалните избори заврши во вкупно 49 општини.

OhridNews