Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ поскапуваат дизелот и дел од бензините.

Цената на Еуросупер од 98 октани се зголемува за 0,5 денари за литар и ќе изнесува 85 денари. Цената на Еуросупер од 95 октани останува непроменета.

Еуродизелот пак и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2 денари односно 2,5 денари за литар. Дизелот ќе се продава за 73,5 денари за литар.

OhridNews