Од ноќеска на полноќ, стапи на сила новиот режим на минување на границата помеѓу Македонија и Србија наменет за државјаните на двете земји, кој предвидува дека освен со важечка патна исправа, истите можат да патуваат и со биометриски лични карти, информираат од министерството за внатрешни работи.
На вчерашниот состанок меѓу претставници на двете гранични полиции биле договорени и мерките кои ќе се преземаат за излегување во пресрет на македонските државјани кои ќе патуваат за претстојното европско првенство во ракомет. Со мерките било предвидено отворање на три дополнителни ленти за излез од Македонија, како и на дополнителни ленти за влез од српска страна.












