Се известуваат сите корисници на Општинскиот линиски превоз кои  го користат Возниот ред  3/1 – линија  Охрид–Косел–Охрид, дека  од понеделник, 12-ти мај, првото поаѓање од овој возен ред ќе биде  во 4.55 часот од  станица Булевар „Туристичка“–зграда Печијаре, а не во 5.00 часот како што беше досега. Ова значи дека за 5 минути подоцна ќе има поаѓање од  станиците кои се однесуваат на оваа линија.

Исто така првото поаѓање од  Возниот ред 5/1 за линијата Охрид–Ливоишта–Охрид  кое  е од станицата на  булевар „Туристичка“–зграда Печијаре  се поместува за пет  минути подоцна  и истото ќе биде во 5.35 часот, а не во 5.40 часот како што беше досега. Ова  повлекува промена од по 5 минути по станици за ова поаѓање.

Сите останати поаѓања од гореспоменатите возни редови си остануваат  во согласност со претходно утврдените возни редови.