Од понеделник во Охрид, градските фонтани за вода ќе бидат повторно пуштени во употреба, велат од МЈП „Проаква“ Охрид.
„Од понеделник граѓаните ќе можат повторно да ги користат фонтаните за вода, кои во зимскиот период беа привремено исклучени поради опасност од мрзнење.“ – изјави првиот човек на МЈП „Проаква“, Златко Старкоски.
Инаку, во изминатиот период граѓани апелираа фонтаната кај охридската гимназија да биде повторно ставена во функција.
О.Т.