Од 5-ти мај ЈП Охридски Комуналец започнува со реализирање на Календарот за 2025 година на акциите за подигнување кабаст и зелен отпад на територијата на општина Охрид. Со календарот, велат, е опфатена секоја урбана заедница во градот со цел надминување на проблемите кои граѓаните на општина Охрид ги имаат околу собирањето на кабаст и зелен отпад.
Апелираме до граѓаните да се придржуваат до календарот, а за сите потребни информации можат да се јават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, потенцираат.
Воедно информираат дека во понеделник ќе биде организирана акција за подигнување кабаст и зелен отпад од У.З.1 Стар Град.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 05.05.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон. Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад, додаваат од ЈП Охридски Комуналец.
OhridNews