Фудбалерот на Евертон, Арон Ленон со помош на англиската полиција хоспитализиран е во болница со дијагноза за депресија и стрес.
Некогашниот англиски репрезентативец во вторникот сабајле бил забележан на улиците помеѓу Ливерпул и Манчестер, а очевидците тврдат дека тој бил блиску да изврши самоубиство.
Информацијата која ја пренесе „Дејли Мејл“ ја потврди клубот кој му посака на Ленон брзо опоравување. Последен пат Ленон дресот на Евертон го носеше во февруари, а од тогаш според англиските медиуми почнале проблеми, односно стресот и депресијата.
Брзоногиот фудбалер одредено време ќе биде под надзор од специјални доктори, а потоа ќе почне да посетува психијатар.
OhridNews