Преку вчерашниот демант Директорката на градинката  Розе Костоска всушност  ги призна сите негативни забелешки за нејзиното работење кои беа истакнати на прес конференцијата, велат од општинската СДСМ.

Оттаму со потсетување до јавноста за реализираните проекти и активности од страна на претходната локална власт, меѓу кои извршената доградба на централниот објект со површина од околу 500 метри квадратни (три занимални,три санитарни чворови,трпезарија, магацин за храна кои целосно биле опремени, молерисување на ентериерот во пастелни бои, на надворешни фасади, извршено стружење и лакирање на паркети, стружење и фарбање на стари плакари, фарбање на надворешна и внатершна столарија.

Меѓу извршените зафати во изминатите години, од СДСМ ги наведуваат и доопременувањето со катчиња и дидактички матерјал за сите занимални, опременување со современа опрема на просториите за продолжен престој, опремување  на дворните површини со реквизити за игра на отворено, инсталирање на домофони до секоја занимална, поплочување на влезовите и дворовите, реконструкција на покриви, реконструкција на парната инсталација од каналска во видна до секое грејно тело, извршена набавка на парни котли, реконструкција на санитарни јазли, поставување на соодветна метална надворешна ограда околу дворните површини, како и набавка на возила за транспорт, ново возило со вграден термо-кинг за транспорт на храна марка Пежо, ново комби со девет седишта марка Пежо, набавена техничка опрема, апарати за одржување.

– Сето претходно е само дел од покрупните инвестиции во сите објекти  во ЈОУДГ “Јасна Ристеска“ во периодот на раководењето на СДСМ со локалната самоуправа. Само за потсетување, да знае јавноста кој лаже, а кој настапува со факти и аргументи, велат од ОО на СДСМ.

OhridNews