Од септември, годинава, за прв пат ќе започне реализација на заедничка студиска програма помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, во чии рамки е и охридскиот Факултет за туризам и угостителство и универзитетот од Еберсвале- Германија.

Како што информира деканот на ФТУ, проф. Д- р Сашо Коруновски, во тек е акредитација за студиската програма на англиски јазик со двојна диплома  со германскиот универзитет.


– Студентите кои ќе ја завршат на англиски јазик програмата ќе добијат диплома од нашиот универзитет и од универзитетот во Еберсвале. Драго ми е што годинава ќе започне овој прв обид за заедничка студсика програма со странски универзитет, вели професор Коруновски.

Деканот на ФТУ потенцира дека факултетот е отворен за соработка со останатите високообразовни институции во соседните земји.Досега веќе се остварени повеќе соработки со универзитети од Србија и Хрватска. 

Т.К.