Хрватскиот ракометен првак Загреб е новиот шампион во регионалната ракометна СЕХА лига. “Коцкастите“ во финалето од завршницата која се играше во Скопје го совладаа Вардар Про 25-24 по продолженија откако регуларниот дел заврши 21-21.

По поразот од Загреб во финалето Вардар не успеа да го одбрани трофејот освоен минатата сезона и се закити со сребрениот медал.

Во борбата за бронзениот медал македонскиот шампион, Металург го совлада Брест Мешков со 26-21.

Мх.П.