“Езеро без граници“ е мотото под кое Кајак Кану клубот “Струга“ ќе се обиде да го организира првиот промотивен кајак маратон на 21 Јуни, Денот на Охридското езеро кој ќе ги обедини трите града Охрид, Струга и Поградец .


Кајакарот Ристе Чуркоски кој годинава на денот на Независноcта на Македонија, 8 Септември направи несекојдневен подвиг , станувајќи првиот кајакар кој по воден пат го заобиколи Охридското Езеро, очекува неговиот соло маратон да прерасне во традиција која ќе ги зближува двата народи и ќе биде вистинска промоција на регионот

Идејата тогаш а и на овај маратон е да се испратат повеќе пораки, зближување на двата народи, да покажеме дека преку спортот и пријателството границите не се битни,  за развој на кајакараскиот спорт во Македонија , развој на кајакарскиот спорт и во Албанија, каде што воопшто не постои. Подобруваање на соработка на пограничните градови, зачувување на животната средина и околина на Охридското езеро, како и подобрување на соработка ресорните министерства за внатрешни работи и екологија кои учествуваа во подвигот – вели Чуркоски.

За време на подвигот кој траше 6 часа и 55 минута Чуркоски оствари средба со  градоначлниците на трите града доделувајќи им повелби, како благодарност за тоа  што прифатија да бидат дел од овај проект. Тој очекува градските татковци да имаат слух и да го подржат во идејата наредната година за прв пат да се одржи промотивниот маратон во водите на Охридското Езеро.


Уште пред самиот подвиг имав средба со градначалниците на Охрид и Струга кои дадоа безрезервна подршка на идејата,  а очекувам да излезат во пресрет и за овај маратон. Нас ни се се потребни средства за промотивен матаеријал со кој би се промовирал не само маратонот туку и овај регион, Охрид, Струга, Поградец, со сета своја убавина. Првата таква промоција треба да се случи на натпреварот во Арас, Франција на 30 јануари каде ќе се натпреваруваат преку 700 натпреарувачи од три континети. Таа ќе биде првата промоција а истото очекувам да го повториме уште два пати во средината на Април и Мај на натпревари на кои ќе учествуваме – истакна Чуркоски

Време и има и нема, маратонот не е само еден ден за време на одржувањето туку потребна  е поголема финаскиса конструкција, од клубот очекуваат со свој удел да се вклучи и Агенцијата за Млади и спорт од каде добиле уверување дека активно ќе земат учество во овај голем спортски настан. Без оглед на тоа како се третираат спортските манифестации, и каква е можноста за финисирање на истите Чуркоски е оптимист дека Струга може да добие настан од светски калибар со кој ќе може да се гордее.



– Јас сум секогаш оптимист и сметам дека имаме капацитет да организираме една спортска манифиестација на големо ниво.  Свесен сум дека живееме во тешка економска ситуација, но исто така свесен сум дека со помошта на големиот број на пријатели , љубители и помагатели на спортот, ќе му покажеме на нашите европски пријатели дека знаеме и можеме да огранизираме големи натпревари – потенцираше Чуркоски.

Бројката од педестина натпреварувачи би била идеална за првиот маратон од ваков вид кој би се одвивал на релација Струга – Охрид – Св Наум – Поградец- Лин- Радожда- Калишта- Струга. Организаторите очекуваат мартонот покрај странските да ги привлече и македонските кајакари, во зависно од средствата планирани се и парични награди за најдобрите маратонци во машка и женска конкуренција.


Нема да има ограничување на дива и мирна вода, ќе може да земат учество секој кој се осеќа психофизички подговотвен за еден ваков потег, вратите се отворени на сите. Очекувам покрај нашите кајакари во мирна вода учество да земат и “диводашите“, нашиот најдобар кајакар на дива вода Атанас Николоски, ни даде збор дека ако тајмингот не се совпадне со некој меѓународен натпревар  ќе дојде во Струга, да се натпреварува. Многу работи зависат од календарот , затоа што оваа година е година за  “бркање“ норми за ОИ во Лондон. Но независно од тоа очекувам натпреварувачи од  петнаесетина  држави од три континети –вели Чуркоски.

Стружани очекуваат со организацијата на ваквиот маратон да влезат на светската мапа на кајак натпреварите со што целиот регион би добил многу на спортски план, секако гостувањето на странските натпреварувачи би се искористило за развој на спортскиот туризам кој во овај крај се уште е недволно развиен.

М.Постоловски