Осум моторни возила се исклучени од сообраќај и се упатени на вонреден технички преглед во акциската контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај што пред два дена се реализира на неколку места низ градот. Сообраќајната полиција, возилата ги исклучи поради техничка неисправност на уредот за сопирање, непродолжена важност на сообраќајните документи и дотраени пневматици, соопшти СВР Охрид.

Како што информираат од охридската полиција, тројца возачи се исклучени од сообраќај поради управување возило без да се стекнат со право за управување односно без важечка возачка дозвола. Во акцијата со која биле опфатени вкупно 92 возила, не се затекнати возачи што своите патнички и други моторни возила ги управувале под дејство на алкохол. 

Сообраќајната полиција издалка осум платни налози и една покана за наплата на глоба.

Акциската контрола има за цел подигнување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вакви и слични акциски контроли и понатака ќе се спроведуваат кон сите учесниците во сообраќајот што ги кршат законските одредби, велат од СВР Охрид. 

OhridNews