
Како што соопшти полицијата, разбојниците се движеле со патничко возило „Фолксфаген-џета“ со кичевски таблици и директно го удриле и повредиле 48-годишниот сопственик на менувачница од Охрид по што еден од нив, излегол и од него одзел платнена торба во која, според кажувањето на повредениот, имало 120.000 евра. Повредениот е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Разбојниците веднаш по нападот, со истото возило се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево. На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено е запалено патничкото возило „Фолксфаген-џета“ кое го користеле разбојниците.
СВР Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на крадците.
Ова е второ рабојништво во Охрид за кус период. Завчера вечерта вооружени разбојници ја ограбија златарата „Голд“ во центарот на Охрид, од каде однеле златни предмети во вредност од 100.000 евра.











