И денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 14 степени.
Од среда се очекува стабилизација на времето и престанок на врнежите. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.
Стабилно време не очекува и во наредните денови. Утрата ќе бидат свежи со температури во интервал од -3 до 7 степени, додека дневната температура ќе се движи помеѓу 12 и 20 степени.
OhridNews













