Вчера попладнето, од стан на улица „Дејан Војвода“, непознат сторител извршил тешка кражба при што украл чанта со златен накит и пари во вредност од над 19.000 евра.

Како што информира портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски, крадецот влегол во станот откако успеал да ја обие блиндираната влезна врата од домот на 68- годишниот охриѓанец.

Полицијата трага по сторителот на кражбата.

OhridNews