На 23/24- ти ноември, во времето од 17,30 до 07,30 часот на магистралниот пат Струга-Охрид, кај селото Мислешево, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба во стовариште за градежни материјали , при што биле одземени евра и денари во висина од околу 800.000 денари.

Според информациите на министерството за внатрешни работи, сторителот насилно ја отворил влезната врата од бараката, извршил пребарување и од фиоката од биро одзел коверт во кој биле парите, по што заминал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

OhridNews